2.4 C
Pehčevo

    Зимско одржување на патиштата

    Датум:

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на најавите на Хидрометеоролошкиот завод на Р.Македонија во претстојниот период следува време на ниски температури, појава на голомразица и врнежи од снег со што се зголемува опасноста од отежнато движење на пешаците и одвивање на сообраќајот по јавните површини, тротоари, улици и патишта. По горенаведеното подразбира потреба од редовно чистење на снегот од објектите на комуналната инфраструктура, јавните површини, локални улици и патишта.

    Зимското одржување на локалните улици и патишта се врши согласно на одредбите на Законот за јавни патишта, Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, Законот за јавна чистота, Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи и соодветно на истите, општината донесува Програма за зимско одржување на локални улици и патишта.

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека согласно на Програмата за зимско одржување на локални улици и патишта за сезоната 2025/2026 година, чистењето на коловозните површини на локалните улици и патишта ќе го врши ЈКП. ,, Комуналец “ – Пехчево во склад со Договор. Исто така општина Пехчево ја потенцира обврската на институциите на локално ниво, претпријатија, граѓани сопственици или корисници на делови од згради или згради/простории (продавници, ресторани, кафе барови и сл.) како и граѓаните сопственици на индивидуални стамбени објекти за расчистувањето на снегот и мразот од тротоарските површини и приодни места до своите објекти.

    Надзорот врз зимското одржување на локалните улици и патишта и др.јавни површини и објекти на комуналната инфраструктура на територијата на општина Пехчево ќе го вршат органите на општина Пехчево и Одделот за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...