5.7 C
Pehčevo

    Дневен ред за 2-ра седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 2-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 05.12.2025 (петок). 2-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од првата седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    3. Предлог одлука за давање на користење патничко моторно возило OPEL ASTRA;
    4. Предлог одлука за разрешување на членови на Локален младински совет на oпштина Пехчево;
    5. Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2026 година;
    6. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за активностите на општина Пехчево во областа на туризмот за 2026 година;
    7. Предлог одлука за давање на користење (противпожарна опрема) на ДПД Пехчево;
    8. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот на општина Пехчево, за 2026 година;
    9. Предлог одлука за усвојување на Програма и план за работа на Спортски клуб ФК Напредок 2025 Пехчево;
    10. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – за работно ангажирање на невработени лица по програмата 7.1 ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА ЗА 2025 проект „Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево“ општина Пехчево;
    11. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – работно ангажирање на невработени лица по програмата 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи 2025 проект „За поубаво и почисто Пехчево“ општина Пехчево;
    12. Предлог одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    13. Барање од граѓани;
    14. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

     Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...