12 C
Pehčevo

    Жителите на село Црник задоволни од досегашните активности на градоначалникот Тренчовски

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски заедно со Министерот без ресор, Аксел Ахмедовски, викендов остварија средба со жителите на село Црник во општина Пехчево.

    Посета Црник

    Целта на срдбата беше да се слушне ставот на граѓаните за она што недостига во нивното место за живеење, да ги кажат граѓаните најбитните комунални теми и најгорчливите инфраструктурни проблеми во селото и што би било приоритет за нив, но и за општината.

    Низ разговорите провејуваа повеќе теми – Легализирање дивоградби, осветлување, барања за решавање на комунални проблеми и инфраструктурно подобрување, прашања од областа на социјалата и побезбеден сообраќај се дел од барањата на жителите од овaa селскa населбa.

    На почетокот на средбите градоначалникот Тренчовски, даваше краток осврт за проектите кои се реализирани, но и за проектите кои се планирани или се во фаза на реализација за 2019 година.

    ,, Државата постојано превзема активности за поддршка на селските населби. Нема развој на градот, ниту на државата ако не се реализираат прокети во интерес на нашите граѓани. Затоа и правиме посета за да знаеме што им е потребно, каде инфраструктурно да се реагира, кои улици се приоритетни, каде треба водовод, канализација, пречистителни станици и друго. Задоволство ми е да слушнам дека жителите во селото се задоволни од активнистите кои се реализирани и кои ќе се реализираат во 2019 година и имаат огромна соработка, која ја отценувам на многу високо ниво и потенцирам дека овие средби се многу позитивни ‘‘, истакна Тренчовски.

    Посета Црник

    Инаку, со поддршка на Декадата на Ромите, во пехчевски Црник, завршија инфраструктурните активности за изградба на улицата „1“. Градоначалникот и министерот заедно извршија увид во завршните активности, за што најавија дополнителна интервенција на крак од оваа улица со изградба на канали за одвод.

    Со средтсвата кои се уште ги има на располагање преку Декадата на ромите, како што најави Ахмедовски, Министерството без ресор ќе продолжи со дополнителни активности за подобрување на животот на ромската заедница во пехчевско.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...