8.7 C
Pehčevo

    Заврши највозбудливата манифестација во Малешевијата, шестото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016

    Датум:

    Фестивал 2016

    Синоќа на преубавата бина на градскиот плоштад во Пехчево, заврши највозбудливата, најмасовната манифестација во Малешевијата па и пошироко, шестото издание на Феститавлот на дувачки орекстри Пехчево 2016. Во присуство на илјадници гости и љубители на Малешевијата, традицијата и музиката од дувачките орекестри и концертот на Саша Ковачевиќ заврши фестивалската вечер.

    Фестивал 2016
    Дувачкиот оркестар Браќа Кадриеви од Штип, е победникот на овогодинешното 6-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016. Со мајсторска изведба на песни владееја со трубачките вештини и супериорно се наметнуваа како перфектно зрели музичари претставувајки лик со сите свои квалитативни одлики.

    Фестивал 2016

    Жири комисијата составена од врни експерти од оваа област, Васил Ристов, Александар Парасков и Страшо Андоновски, првата награда златна труба Јамаха ја доделија на Браќа Кадриеви, втората награда мини труба ја доби дувачкиот оркестар Млади таленти од Штип, додека третата награда тапан отиде во рацете на дувачкиот оркестар Сенад Бенд од Берово.

    Фестивал 2016
    -Годинава имаше премногу гости и се покажа голема заинтересираност за фестивалот, па се надеваме дека догодина Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2016 ќе прерасне и во меѓународен фестивал, кој ќе понуди нови содржини и нов квалитет, тоа го заслужуваат и учесниците и фестивалот и почитувачите на оваа уметност ‘‘, рече градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.Фестивал 2016

    Инаку, по повод празникот Павловден 13 јули, заштитник на градот, во Пехчево беше одржан и саемот на традицијата. На 20-тина штандови на градскиот плоштад беа изложени домашни ракотворби, резби ,еко храна од шумски плодови изработени од занаетчии од Пехчево, Берово и од другите градови од Македонија кои нудејќи ја традицијата по 8-ми пат го збогатија пехчевскиот Павловден.
    -Светиот православен празник, Павловден, нашиот заштитник е повод и оваа година по 8-ми пат да го организираме Етно-саемот во кој ќе ја понудиме нашата традиција, традиционалната храна, домашните ракотворби, старите занаети, сето ова спакувано како добра туристичка промоција од Малешевијата и Пехчево. Штандовите на етно-саемот ги даваат боите на Малешевијата и на Македонија, тоа е душата на нашиот народ кој опстојувал со векови и сето тоа заслужува да се промовира и понуди како бренд од овој крај-рече Поповски.

    Фестивал 2016
    Фестивалот во Пехчево е единствен фестивал од ваков вид во земјава, кој иако ја пишува шестата година од постоењето, со квалитетот на инструменталистите се наметнува како сериозна конкуренција на дувачките оркестри од другите држави од сосетството, но и пошироко.

    Фестивал 2016

    Во четирите фестивалски денови, Пехчево го посетија над 60 илјади гости.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...