0.3 C
Pehčevo

    Започнаа геолошките истражувања за јаглен во пехчевско Панчарево

    Датум:

    Општина Пехчево денес стартуваше со изградбата на водоводот во селото Панчарево. Проектот ќе го реши долгогодишниот проблем на повеќе од 150 жители за здрава и чиста вода за пиење.
    Почнаа деталните геолошките истражувања за јаглен на микролокации кај пехчевско Панчарево. Според градоначалникот Игор Поповски, истражувањата треба да завршат до септември.
    – Првичните испитувања ги потврдуваат очекувањата. Се надеваме на позитивен резултат. Подоцна ќе се прават соодветни елаборати и физибилити студија по што сигурно ќе се знае дали овде ќе се отвори рудник за јаглен, рече Поповски.
    Тој додаде дека во овој дел од Малешевијата, каде што се наоѓалиштата на јаглен, не се очекува негативно влијание на животната средина, но доколку се отвори рудникот тоа ќе донесе и економски прогрес на општината, нови вработувања, како и средства од конецесиите.
    Деталните геолошки истражувања претходно се изведуваа на локалитетите Стамер и Ѕвегор кај Делчево. Истражувањата на јаглените ги врши АД ЕЛЕМ, а изведувачот на работите е Градежниот институт Македонија (ГИМ).
    За инвестициските активности во оваа фаза, АД ЕЛЕМ од сопствени средства ќе издвои околу половина милион евра.
    Првичните геолошки истражувања на овој регион се правени пред 30-ина години, а покажале дека има педесет милиони тони квалитетен јаглен.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...