12 C
Pehčevo

    Започна реконструкцијата на културниот дом во село Панчарево

    Датум:

    Изградба на улици, пробивање на локални патишта, изградба на водоводи, поплочување на јавни површини, поставување на урбана опрема, реконструкција на домовите во селските населби се дел од предвидените активности на Локалната сaмоуправа за 2017/2018 година, за реализација за задоволување на потребите на жителите од сите населени места.

    Панчарево дом

    Во таа насока денес започна реконстукцијата на културниот дом во пехчевското село Панчарево.

    Целта на проектот е да се задржат сегашните жители и да се враќаат младите на село. За да се оствари тоа мора да се обезбедат соодветни услови, а заживување на културните настани, обнова на комуналните услуги и реконструкција на патната инфраструктура се првите и неопходни, мерки за живот во сите селски населби.

    Со реконструкцијата на домот се предвидува препокривање на целата кровна конструкција, демонтажа и монтажа на прозорци и врати на делот кај салата и изградба на нов плафон на истиот дел кај салата, а средствата за изградба се обезбедени преку Бирото за регионален развој и општина Пехчево со вкупна вредност од 2 141 622 денари. Изведувач на работите е фирмата Баџак Инженеринг ДОО Скопје.

    Панчарево дом1

    Градоначалникот Драган Тренчовски истакна дека е задоволен од тоа што ќе се реконстура и истакна дека овој проект е на задоволство на сите жители на селото.

    -Денес започнавме со реконструкција на домот во село Панчарево. Се работи за реновирање на целата кровна конструкција, врати, прозорци и нов плафон кај салата со што ќе се обезбедат услови за користење на салата за разни манифестации и настани, а ќе се заштитат и другите простории кои се во склоп на домот. Овој проект е по долгогодишно барење на сите жители на селото и еве денес го реализираме, а можам да кажам дека многу сум задоволен што стартуваме со реализација на проектите токму од село Панчарево, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Инаку, покрај реконструкцијата на домот во селото, во програмата за работа на градоначалникот и локалната самоуправа предвидено е и реконструкција на локалниот пат кој води до селото, изградба на две улици во селото и др.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...