11.5 C
Pehčevo

    Во просториите на детската градинка ,, 7 Септември “ – Пехчево се одржа промоција на проектот „ Поставување на сончеви колектори во ОЈУДГ – 7 Септември “

    Датум:

    Во општинската детска установа „7 Септември“ - Пехчево вчера беше промовиран проектот „ Поставување на сончев колектор и болјер на котелот на пелети за затоплување на водата“.

    Во општинската детска установа „7 Септември“  – Пехчево беше промовиран проектот „ Поставување на сончев колектор и болјер на котелот на пелети за затоплување на водата“. Овој проект е финансиран од страна на Здружението за едукација, комуникација и конслатинг ОХО, преку Програмата за мали грантови за училишта и градинки кои се членови на националната мрежа на еко – училишта и градинки во вредност од 61.000,00 денари.

    Во општинската детска установа „7 Септември“ - Пехчево вчера беше промовиран проектот „ Поставување на сончев колектор и болјер на котелот на пелети за затоплување на водата“.

    Целта на овој проект е да се придонесе кон зголемување на енергетската ефикасност на ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево и да се намалат штетните ефекти за животната средина. Оваа цел е постигната со реализирање на горенаведениот проект, а со тоа се предвидува да се постигнат заштеди на трошоците за греење на вода од најмалку 25%, во однос на постојаните и намалено емитување на штетните гасови во околината.

    Во текот на реализиацијата на проектот беа вклучени и воспитувачите и децата од детската градинка. Во воспитно образовната програма воспитувачите имаа предвидено активности со кои преку детска игра ја подигнуваат јавната свест за здрава животна срдина кај најмалите, посебно на денот на планетата Земја и денот на пролетта кога сите горенаведени содржини посебно тематски беа обработувани. Беа организирани предавања за чиста природа и изворите на енергија, преку говорна игра за Сонцето како извор на светлина, топлина и извор на енергија. Во текот на реализација на проектот од страна на воспитувачите преку дидактичка игра на децата им беше образложено за начинот на кој може да се заштеди електрична енергија преку користење на други извори и во зима, посетија и набљудуваа неколку куќи кои имаат веќе поставено сончеви колектори, а исто така изработија и макета на сончев колектор и истиот го поставија на веќе изработени куќи од картон.

    Во општинската детска установа „7 Септември“ - Пехчево вчера беше промовиран проектот „ Поставување на сончев колектор и болјер на котелот на пелети за затоплување на водата“.

    Од сите овие активности децата имаа научено многу за оваа тематика, на промоцијата на проектот кажаа прекрасни пораки за штдењето на електрична енергија и користењето на обновливите извори на енергија, а беше  направена и презенација за сите активности кои беа реализирани во текот нс проектот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...