8.1 C
Pehčevo

    Успешно завршена втората форумска сесија од проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница

    Датум:

    План за управување со речниот слив на реката Брегалница

    Како резултат на успешно завршените 2 форумски сесии и една планирачка работилница во рамки на  II – от повик за Мали Инфраструктурни проекти од Проектот за управување со речниот слив на р.Брегалница (ПУРС Брегалница) во  Пехчево оддржани на ден 07.07.2014 година (I –та форумска сесија и планирачка работилница) и 15.07.2014 година (II – та форумска сесија), граѓаните на општина Пехчево гласаа за приоритетна листа на проекти, односно избраа проект со кој општина Пехчево ќе аплицира за заштита на реката Брегалница во рамки на територијалниот опфат на општина Пехчево.

    Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница (ПУРС Брегалница) е финансиран од страна на Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO) и има за цел изработка на План за управување со речниот слив на реката Брегалница, трансфер на знаења и искуства и имплементација на мали инфраструктурни проекти поврзани со вода.

    Партнери во спроведувањето на проектот ПУРС е Владата на Република Македонија преку Миистерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВС) и 15 општини кои се наоѓаат во хидрографското подрачје на реката Брегалница.

    Придонесот од фондот (донација) за II – от Повик за мали инфраструктурни проекти од страна на SECO за секој од проектите ќе биде во рамките од 50.000 CHF до 500.000 CHF при што финансиското учество на општина Пехчево ќе биде во рамките од min.16.7% и max. 49.9% од вкупната цена на проектот;

    Во рамки на I-от повик за мали инфраструктурни проекти сите 15 партнерски општини добија средства од SECO  за имплементација на инфраструктурен проект поврзан со заштита на реката Брегалница и во тој контекст граѓаните на општина Пехчево во периодот Јули – Септември 2013 година се одлучија за имплементација на проектот “Изградба на канализационен систем за отпадни води во с.Робово„ како најприоритетен.

    Во рамки на II-от повик за мали инфраструктурни проекти во I –та форумска сесија, беше претставен самиот повик за доставување на проекти кој за разлика од претходниот повик изборот на проекти ќе биде врз конкурентска основа, односно ќе бидат одобрени за финансирање 3 – 5 проекти по можност во рамки на проектниот пакет на Пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ) но не ограничувајќи се само на тој пакет туку има можност и за одобрување на проект од друг формат/пакет.

    План за управување со речниот слив на реката Брегалница

    Граѓаните на општина Пехчево на форумската сесија предлагаа соодветни проекти во 6 работни групи:

    1. Пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ);
    2. Водовод и канализација;
    3. Брани (хидроакумулации);
    4. Заштита на животната средина;
    5. Регулација на речни корита и
    6. Општинска администрација.

    Во рамки на Планирачката работилница, претставници од сите работни групи заедно со општинскиот координатор на проектот – Љупчо Каракашовски разговаа за предложените проекти и за понатамошна разработка ги избраа проектите во рамки на работните групи:

    v  Пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ);

    v  Брани (хидроакумулации);

    На II – та форумска сесија пред граѓаните на општина Пехчево беа презентирани 6 предлог-концепти од двете  избрани работни групи, за кои граѓаните имаа можност да дискутираат и тоа:

    1. Пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ);
    • Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Робово.
    • Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Црник;
    • Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Чифлик; и
    1. Брани (хидроакумулации);
    • Проект:Изградба на брана  “Црник”;
    • Проект:Изградба на брана  “Чифлик”;
    • Проект:Изградба на брана на м.в “Раковец”;

    Граѓаните имаа можност да гласаат во рамки на 6 – те работни групи кои претходно беа формирани и во рамки на кои беа предложувани предлог решенија.

    Резултатите од гласањето на граѓаните беа:

    Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Црник – 33 гласа

    Проект:Изградба на брана на м.в “Раковец” – 26 гласа

    Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Робово – 25 гласа

    Проект:Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Чифлик – 22 гласа

    Проект:Изградба на брана  “Чифлик” – 13 гласа и

    Проект:Изградба на брана  “Црник” – 7 гласа.

    Како резултат на успешно завршените 2 форумски сесии и една планирачка работилница во рамки на  II – от повик за Мали Инфраструктурни проекти од Проектот за управување со речниот слив на р.Брегалница (ПУРС Брегалница) во  Пехчево

    Согласно на предвидената динамика на Повикот за достава на проекти во рамки на малите Инфраструктурни проекти, општинската администрација ќе подготви апликација за прворангираниот проект Изградба на Пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во с.Црник со соодветна документација за пред-одобрување до структурите на Проектот за управување со речниот слив на р.Брегалница до 21.08.2014 година и доколку истиот биде избран за понатамошно негово развивање и соодветна техничка документација до крајот на декември 2014 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...