9.8 C
Pehčevo

    ,, Убавините на Пехчево на велосипед “ – нова велосипедска патека во Пехчево

    Датум:

    Со огромно задоволство Ве известуваме дека велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ која што е направена во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“,проект кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, а чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, е подготвена да Ве пречека и почести со своите убавини.
    Почитувани велосипедисти, планинари, љубители на природата…

    Со огромно задоволство Ве известуваме дека велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ која што е направена во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“, проект кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, а чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, е подготвена да Ве пречека и почести со своите убавини.

    Патеката е со вкупна должина од 10km и истата го поврзува градот Пехчево со трите туристички локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“ и со инсектојадното растение Drosera rotundifolia. Истата е маркирана, поставени се информативни табли, патокази, канти за отпад долж истата, изготвена е мапа за Ваше олеснато движење.

    Со огромно задоволство Ве известуваме дека велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ која што е направена во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“,проект кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, а чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, е подготвена да Ве пречека и почести со своите убавини.

    Исто така Ве известуваме дека во рамки на проектот, општина Пехчево и официјално има 7 обучени Локални водичи во природа, кои се секогаш тука за Вас за да ви ги покажат убавините на Пехчево и околината.
    За било какви информации, обратете се кај проектниот координатор Ирена Кракутовска тел: 071/373-542 и во Општина Пехчево тел: 033/441-321

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...