8.7 C
Pehčevo

    Туристичката населба Равна Река кај Пехчево ќе се електрифицира

    Датум:

     Електрификација Равна Река

    Ќе светнат ламбите и во туристичката населба Равна Река. Конечно, овој туристички адут на Пехчево, ќе добие струја. Вредноста на инвестицијата е над 600 илјади евра, средствата ги обезбедува ЕВН.
    „Ќе се гради еден среднонапонски вод во должина од 13, 5 км и дополнително нисконапонска мрежа и 4 мини хидроцентрали“, изјави Игор Гиевски, член на УО на ЕВН.
    Работите околу електрификацијата треба да завршат до крајот на оваа година.
    „Со овој проект сите редуслови за нормално функционирање се исполнуваат. Ќе има струја до секоја од предвидените 300 викендики и хотели“, рече Гиевски.
    Решавањето на овој инфратсруктурен проект треба да ги отвори вратите за развој на туризмот на Равна Река. Освен, електрификацијата, Пехчево до крајот на годината ќе го реши и проблемот со канализацијата на населбата.
    „До крајот на годината, со 250 илјади од Еврпска банка планираме да го имплементираме проектот“, истакна Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.
    Според ДУП , на Равна Река се предвидени 350 плацеви з а викенд куќи и за 4 хотели, досега се продадени 20- ина, а со решавањето на инфраструктурата на локалитетот, Пехчево очекува да се наметна како сериозна и задолжителна туристичка дестинација на туристичката мапа во Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...