12 C
Pehčevo

    Светскиот ден на поезијата одбележан во Пехчево

    Датум:

    Светски ден на поезијатаСиноќа во кафе бар „Ким“ по повод 21 Март – светскиот ден на поезијата се одржа манифестацијата „Поезијо те сакаме“ во организација на Матична библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево.

    Одлуката 21 Март да се прославува како светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 год. на 30-тата сесија на УНЕСКО. И оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки во чест на стиховното творештво“ -ова синоќа го истакна библиотекарката Габриела Костадинова поздравувајќи ги присутните гости.

    „Вечерва сме собрани овде да пишуваме стихови во чест на поетското творештво како дел од светското културно богатство и да ја подржиме кампањата „Плати кафе со поезија“- рече Габриела.

    Поезија пишуваа учениците од основното и средното образование, како и возрасни читатели од разни профили (лекарки, професорки,наставнички, пензионерки) сите во улога на поети и поетеси.

    Темата беше слободна по избор на учесниците.

    Сите песни беа добри, но сепак беа наградени четири учеснички и од страна на библиотеката им беа доделени дипломи за освоени места и книги, а на останатите учесници Габриела им додели благодарници и книги за нивното учество.

            Светски ден на поезијата1 Светски ден на поезијата2 Светски ден на поезијата3

    Прво место освои Лина Велковска, а второ место освои Лилјана Стефановска, додека третото место го делеа две ученички и тоа Маја Пандова и Катерина Каракашова.

    Манифестацијата заврши онака како што и почна релаксирано, опуштено со музика, кафе и си со читање на наградените песни.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...