19.2 C
Pehčevo

    Средба на градоначалниците на Пехчево и Мурска Собота – Зајакнување на меѓуопштинската соработкa

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански оствари официјална средба
    со градоначалникот на Мурска Собота Дамјан Анжељ , при што се разговараше за
    продлабочување на

    Средба на градоначалниците на Пехчево и Мурска Собота – Зајакнување на
    меѓуопштинската соработка
    Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански оствари официјална средба
    со градоначалникот на Мурска Собота Дамјан Анжељ , при што се разговараше за
    продлабочување на меѓуопштинската соработка и размена на искуства во повеќе области
    од заеднички интерес. Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, а беа
    разгледани следните точки:
    1. Противпожарна заштита – Потенцирана е потребата од размена на добри
    практики, заеднички обуки и проекти за унапредување на капацитетите за заштита
    од пожари.
    2. Туризам – Истакната е важноста на туристичката соработка преку заедничка
    промоција на природните и културните ресурси, со посебен акцент на еко и
    рурален туризам.
    3. Интеграција на сите групи граѓани во општеството – Разговор за можни
    заеднички иницијативи и програми насочени кон социјална инклузија и еднакви
    можности за сите граѓани.
    4. Мултикултурализам – Обострана заложба за поттикнување на културната
    разновидност и нејзино вклучување во секојдневниот општествен живот.
    5. Економија и поддршка на мали и средни претпријатија – Потенцијали за
    економска соработка преку размена на искуства, добри практики и можности за
    поддршка и развој на локалната економија.
    Градоначалниците ја нагласија важноста на оваа соработка како мост за идни заеднички
    проекти, а воедно и како чекор напред во градењето пријателски и европски вредности на
    локално ниво.

    и размена на искуства во повеќе области

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/25

    Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2...

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 36-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...