9 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста

    Датум:

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    На овогодишниот ,,Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2014 година,, првата награда ,,Златна труба,, за најдобар оркестар и наградата за најдобар инструменталист , ја доби Дувачкиот оркестар ,,Уска – Кан,, – Берово.

    На Меѓународниот фестивал во Гуча, Р. Србија, овој оркестар минатата година ја доби наградата најдобар инструменталист ,,Златна труба,, – Демир Кантурски, а оваа година ја добија наградата за најдобар дувачки оркестар.

    Овој оркестар кој ја преддставува нашата општина и нашата земја во соседна Република Србија на ден 26.08.2014 година ( вторник ) на Плоштадот во Пехчево со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во чест на победата на овогодишното 64 – то издание на меѓународниот фестивал на дувачки оркестри – Гуча 2014 година.

    На Вечерниот концерт гости ќе бидат:

    -Вокално – инструменталниот дует на Христо Георгиев – Ице и Нешат Зекиров;

    -Филип Стевановски Бенд од Куманово;

    Организаторите на овој вечерен концерт ОУ Дом на културата ,,Јане Сандански,, – Пехчево и Општина Пехчево Ве покануваат да присуствувате на истиот и да уживате во музиката.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...