-2 C
Pehčevo

    СООПШТЕНИЕ – Забелешки, предлози, поплаки и пофалби за работата на институциите во надлежност на општината

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоПочитувани сограѓани,

    Со цел зголемување на транспарентноста и зголемување на квалитетот на работењето на институциите под надлежност на општината, граѓаните можат да ги испратат или достават своите забелешки, предлози, поплаки и пофалби за работата на овие институции.

    Ве повикувам сите граѓани да го напишат своето мислење за вработените и работењето на општината, ЈКП ,, Комуналец “, ЈПУД ,, Равен “ и другите институции, да се обратите писмено до мене и да бидете активен партнер во подобрувањето на услугата кон корисниците.

    Секое барање, секоја порака внимателно ќе ја разгледам и по истата ќе постапувам согласно мојата надлежност и ќе преземам соодветни мерки во најкус можен рок.

    Барањата и податоците од граѓаните се многу важни за креирање на идната политика на општината и за забрзување на веќе започнатите постапки и било кои активности од наша надлежност.

    Барањата и пораките можете да ги поднесете во пријавницата при општинската зграда, секој работен ден од 08 часот до 16 часот.

    Однапред ви благодарам.

    Со почит,
    Градоначалник на општина Пехчево
    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...