8.7 C
Pehčevo

    Сите ученици кои добиле награди на државни натпревари во разни области, оваа година ќе бидат наградени од страна на локалната самоуправа

    Датум:

    Талентираните ученици од ООУ.„Ванчо Китанов“ кои добиле награди на државни натпревари во разни области, оваа година ќе бидат наградени од страна на локалната самоуправа.

    Градоначалникот Поповски истакна дека локалната самоуправа и Советот на општината донеле таква одлука за нивно мотивирање и стимулирање, за да продолжат со одличниот успех во школувањето и во иднина достојно да ја презентираат општината.

    Во тек е поднесувањето на потребната документација, а Општина Пехчево ќе ги награди сите ученици кои добиле награди на државни натпревари со благодарница и паричен надомест во вредност од 6000 денари за освоено I место, 3000 денари за освоено II место и 2000 денари за освоено III место.

    Според Поповски, тие се наши амбасадори кои на вистински начин им покажуваат на идните генерации како да се грижат за напредокот и развојот на локалната средина и државата.

    Во знак на благодарност за нивните постигнувања, на празникот на градот – Павловден (13 јули) на отварањето на Фестивалот на дувачки оркестри, градоначалникот ќе ги повика сите наградени и ќе им честита за успесите, а ќе им подели и благодарници: „за особени постигнувања и постигнати успешни резултати и афирмација во областа на образованието

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...