7.6 C
Pehčevo

    Се одржа промоција на книгата ,, Црвената боја на љубовта “ од Габриела Костадинова

    Датум:

    Вчера во просториите на кафе бар „Ким“, по повод 45 години од раѓањето на авторот Габриела Костадинова се одржа промоција на книгата „Црвената боја на љубовта“.

    Вчера во просториите на кафе бар „Ким“, по повод 45 години од раѓањето на авторот Габриела Костадинова се одржа промоција на книгата „Црвената боја на љубовта“.
    Водителката Јасминка Пашалиска-Андоновска, ја започна промоцијата со читање на стихови од книгата, а главниот збор им припадна на рецитаторките Емилија Димевска, Јулија Велковска, Елица Јовевска, Оливера Кратевска и Јасмина Пандова, кои читаа песни од стихозбирката „Црвената боја на љубовта“.
    Но, промоцијата немаше да биде тоа што беше доколку рецензентите и промоторите не го направеја своето. За творечкиот пат и придонесот на поетесата Габриела Костадинова за развојот на културниот живот во Пехчево говореа рецензентите Горјан Петревски- познатиот македонски писател и Ристо Стојанов-долгогодишен културен деец од Неготино и промоторите Вера Анастасова од Кочани и др.Нада Симовска од Пехчево кои кажаа позитивни и убави коментари за г-ѓа Габриела.

    Вчера во просториите на кафе бар „Ким“, по повод 45 години од раѓањето на авторот Габриела Костадинова се одржа промоција на книгата „Црвената боја на љубовта“.
    На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски, кој ги поздрави сите присутни и љубителите на поезијата, а на авторката Габриела и посака многу успех и нови творечки дострели.
    Промоцијата заврши со поздравен говор и благодарност до сите присутни гости од страна на авторот Габриела Костадинова.
    Промоцијата беше збогатена и со музички дел за кој се погрижи професорот по музичко образование Александар Парасков.

    Вчера во просториите на кафе бар „Ким“, по повод 45 години од раѓањето на авторот Габриела Костадинова се одржа промоција на книгата „Црвената боја на љубовта“.

    Промоцијата на стихозбирката ,, Црвената боја на љубовта “ прерасна во дружење на пехчевските љубители на книгата со гостите од Делчево, Берово, Кочани, Штип, Скопје кои дојдоа да ја споделат радоста со авторката чии 45-ти роденден се софпаѓа со 91 годишнина од библиотекарската дејност во прекрасното градче Пехчево.
    Инаку, како што навестува и самиот наслов на книгата ,, Црвената боја на љубовта “, 75-те песни поместени во оваа книга, тематски се посветени на љубовта кон семејството, љубовта кон природата и татковината, на љубовта кон цвеќето, на родителската љубов, на љубовта кон убавините на животот.
    ,, Црвената боја на љубовта “ е втора книга на авторката што се појавува 16 години по нејзината дебитантска стихозбирка ,, Записи на болката “.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...