14.8 C
Pehčevo

    Првонаградените на квиз-натпреварот „Колку го познаваш сообраќајот“ на прием при градоначалникот Поповски

    Датум:

    На 09.03.2015 година во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ се одржа општински квиз натпревар „Колку ги познаваш сообраќајот“ за учениците од основните училишта од Пехчево, Берово и Русиново.

    На 09.03.2015 година во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ се одржа  квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ за учениците од основните училишта од Пехчево, Берово и Русиново.
    Квиз натпреварот беше организиран од СВР Штип – Отсек за превенција во соработка со општина Берово и општина Пехчево, со финансиска поддршка од ОБСЕ.
    На квиз-натпревар учество земаа три основни училишта ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, ООУ “Ванчо Китанов“ од Пехчево и ООУ “Никола Петров Русински“ од Русиново. Од секое училиште имаше по 3 ученика кои заедно со својот ментор го претставуваа училиштето.  Учениците имаа задача да одговорат на повеќе прашања кои соодветно беа бодирани.
    Целта на проектот е подигање на свеста и културата на младите учесници во сообраќајот, како пешаци и велосипедисти, а во блиска иднина и како возачи. Проектот се реализира од страна на Вишите инспектори за превенција во соработка со Министерството за образование и наука, Локалните самоуправи и електорнските и печатени медиуми. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

    Како најдобри на квиз-натпреварот се покажаа учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ од Пехчево,освојувајќи го првото место. Второто место му припадна на учениците од ООУ „Никола Петров Русински “ – Русиново, а трето место освоија учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово.

    На 09.03.2015 година во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ се одржа општински квиз натпревар „Колку ги познаваш сообраќајот“ за учениците од основните училишта од Пехчево, Берово и Русиново.
    По повод освоеното прво место на квиз-натпреварот ,, Колку го познаваш сообраќајот“, вчера градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски првонаградените ги прими во неговиот кабинет.
    Градоначалникот Поповски упати честитки и благодарност до наградените ученици и нивниот ментор, што со нивниот успех истовремено се афирмира и Пехчево како град со висок потенцијал на млади надежни ученици пред кои веке сега се отвараат вратите на успешна професионална иднина во повеќе области
    ,,Со оглед на тоа што сообраќајот и сообраќајната култура се суштински дел од нашиот живот, овие квиз натпревари се можност за ширење на знаењата од ова значајна област и континуирана програмска соработка помеѓу училиштата, локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи. Можам само да ви посакам уште многу успеси и во иднина. Јас само можам да ви ветам комплетна поддршка – изјави градоначалникот Поповски.

    На 09.03.2015 година во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ се одржа општински квиз натпревар „Колку ги познаваш сообраќајот“ за учениците од основните училишта од Пехчево, Берово и Русиново.
    За освоеното прво место Поповски, во знак на почит на учениците им подари пригодни награди.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...