6.5 C
Pehčevo

    Промоција на резултатите од проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“

    Датум:

                      Проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтант Македонија                                    Програма за зачувување на природата

    На ден 25.11.2015 година, со почеток во 11:00 часот во кафе бар „Square“ во Пехчево ќе се одржи завршен настан за промоција на резултатите од проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“. За таа цел, Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија имплементатор на проектот ги поканува сите заинтересирани граѓани да дојдат и да се запознаат со резултатите постигнати со проектот.
    На настанот ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, Милиеуконтакт – Македонија како и од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
    Инаку, проектот е спроведен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој е координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем. Вкупната вредност на проектот е 496.700 МКД.

    Веднаш по завршувањето на настанот, организирано ќе ја посетиме велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“, а низ истата ќе не прошетаат тимот од локални водичи во природа за општина Пехчево, кои како и патеката се само дел од резултатите од проектот.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...