15.4 C
Pehčevo

    Претставена кампањата „На секое дете му треба семејство“

    Датум:

    Семејство1

    Денес во Берово беше претставена кампањата за промоција на згрижувачки семејства  „На секое дете му треба семејство“, што ја водат Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со СОС Детско село, а која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, присуствуваше на настанот заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски и истакна дека општина Пехчево дава поддршка на кампањата.

    – Поддршката на оваа кампања значи поддршка на хуманоста, на љубовта кон децата, на подадената рака и на подготвеноста да се стори добро дело. Токму затоа, нужно е да бидеме луѓе во вистинската смисла на зборот, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Семејство2

    Главната цел на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава.

    Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...