8.7 C
Pehčevo

    ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел

    Датум:

    Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел.

    Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година  (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30  часот.

    Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во Општина Берово во дворот на детската градинка ОУДГ “23 Август” како и во општина  Пехчево во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. На овие локации ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.

    Нацрт-Одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) како и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

    Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

    Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса најдоцна до 31.08.2021(вторник): skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

    Канцеларија за комуникација со јавност

     

    ДНЕВЕН РЕД

    2 Септември, 2021 година

     

    ЗООМ Платформа

    Join Zoom Meeting
    https://us02web.zoom.us/j/86849291529?pwd=aC9jdzliaFRnd1RjTnl4Rlh6YmtOZz09

    Meeting ID: 868 4929 1529

    Passcode: 849469

    11:00 – 11:10 Отварање на Јавната расправа

    Модератор

    11:10 – 11:15 Обраќање на претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
    11:15 – 11:20 Обраќање на Градоначалник на Општина Берово

     

    11:20 – 11:25 Обраќање на Градоначалник на Општина Пехчево
    11:25 – 11:30 Обраќање на претставник на ЈП Национални Шуми
    11:30 – 11:55 Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Заштитен предел – Малешево

     

    Претставник од Македонско еколошко друштво, изготвувач на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевски Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел- Малешево (2021)

    11:55 – 12:10
    Постапка за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје и Нацрт-Одлука за прогласување на дел Малешево за заштитен предел

    Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање

    12:10-13:25 Дискусија
    13:25 – 13:30 Затварање на јавната расправа –

    Модератор

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...