До: Медиуми
Предмет: Покана на прес-конференција
Почитивани,
Општина Пехчево по четврти пат го организира единствениот фестивал во земјава посветен на дувачките инструменти, „Фестивал на дувачки оркестри-Пехчево 2014“. По повод почетокот на фестивалот 10 јули, Општина Пехчево организира прес-конференција за медиумите со цел поблиску да ја запознаеме јавноста со годинешното издание на фестивалот кој ќе трае од 10 до 13 јули.
На прес-конференцијата, покрај градоначланикот на Општина Пехчево, Игор Поповски и организаторите на фестивалот, ќе присуствуваат и директорот на фестивалот од Гуча, Адам Тадиќ, членовите на жири-комисијата врвни експерти од оваа област, професори по музичка академија Васил Ристов, Илчо Јованов и наставникот по музичко од Пехчево, Александар Парасков.
Средбата со новинарите ќе се одржи во просториите на Општина Пехчево, во четврток во 17 часот, а стартот на фестивалот е во 18 часот на градскиот плоштад.
Во прилог ја доставуваме агендата на „Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2014“.
08.07.2014 година