18.1 C
Pehčevo

    По повод денот на вљубените во библиотеката „Кочо Рацин“ се одржа литературно читање

    Датум:

    Св.Валентајн

    Вчера во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ се одржа литературно читање во вид на рецитал насловен „Спомени на болката“ во изведба на Габриела Костадинива, Јасминка Цековска и Драган Колевски, автор Габриела Костадинова.

    Св.Валентајн2

    На самиот почеток Костадинова ги поздрави присутните со топло добредојде и истакна дека поводот за пладневното литературно читање е 14 Февруари денот на св.Трифун и св.Валентин- денот на вљубените. Таа  на присутните гости им објасни кое е значењето на празнувањето на Св.Трифун и Св.Валентин. Пред присутните најмалата читателка Лина Велковска се престави со песната „Празник на грозјето“ посветена на Св.Трифун, а директорката Јасмина Цековска го прочита расказот „Се уште те сакам“ од Габриела Костадинова кој минатата година на литературниот конкурс „Прозно перо“ го освои првото место.

    Св.Валентајн1

    -Поводот што денеска сме собрани овде во просториите на библиотеката во ова февруарско попладне е во чест на двата празника Св.Трифун и Св.Валентин. Затоа ви посакувам добредојдовте во ова наше мало, скромно, но сепак пријатно и топло литературно катче за читање, дружење и релаксирање. Зошто навистина ќе биде така, после литературното читање ќе следуваат моменти на дружење и забава.“- истакна водителката и поетеса Габриела Костадинова.

    Св.Валентајн3

    Низ една необична, интересна и шеговита игра водителката Габриела заедно со директорката Јасмина, ги натераа дел од присутните со читање на љубовни пораки да глумат и со мала доза на емоции да подарат плишено срце во знак на љубовта и виното. За најдобро исчитаната порака следуваше и награда љубовен коктел.

    На пладневната средба во библиотеката присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски.

    На крајот забавата заврши со мал, скромен коктел што го приредија вработените во библиотеката „Кочо Рацин“

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...