11.6 C
Pehčevo

    „Пехчево на точак“ – Привршуваат подготовките за OFF ROAD патеката Пехчево-Равно борје-Бел камен-Равна река-Пехчево

    Датум:

    Во организација на Хотел Гогов, а со подршка од општина Пехчево, на 19 мај оваа година ќе биде организирана OFF-ROAD турата со велосипед насловена „Пехчево на точак“. Велосипедската тура пред сè ќе е за забава и дружење, при што целосно се ќе се ужива во пехчевската  природа и убавините на Пехчево низ кои што ќе се вози.

    Пехчево на точак

    Скоро се е подготвено за големата велосипедската тура  „Пехчево на точак“ 2018-та. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти која се вози по падините на Малешевските планини, од пехчевска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници.

    Пехчево на точак2

    „На 19 ти мај почнува турата од 9 часот, стартот е од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Пристигање на целта е околу 15 часот. Турата е обележана некаде 85 %, има уште некои ситници да се поминат ама тие не се проблем, тие во возење ќе ги поминиме, ќе ги средиме. Во турата може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен. Искуство мора да има. Важно е да се подготвени и физички и психички, да има соодветна опрема, кацига, подготвен велосипед, истакна Душко Стефановски од Хотел Гогов.

    Пехчево на точак5

    – Секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици, а секој што отстапува од предвидената патека за возење, тоа го прави на сопствен ризик и одговорност.За секој од учесниците пред поаѓање ќе има “ланч пакет” (за во ранец) со сендвич, вода, овошје и магнезиум. Освежување ќе има и на пункт на втората половина од патеката со вода и сокови, ќе има и медицинска помош и возила кои ќе ги пратат учесниците, а на целта центарот на Пехчево во кафе бар Ким ќе има забава со музика во живо и коктел за сите учесници на настанот, додава Стефановски.

    Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците.

    Пехчево на точак4

    Од општина Пехчево апелираат учесниците да го почитувате кодексот на однесување во планина, односно да не се фрла ѓубре,и да не се пали оган.

    -Целта на велосипедската тура е да се разбуди авантуристичкиот дух на велосипедистите, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги доживееме убавините на пехчевската природа, да создадеме една традиција која секоја година ќе биде помасовно посетена од претходната, истакна Живко Каликов, вработен во општина Пехчево.

    Пехчево на точак3Инаку, станува збор за патека долга околу 30 километри.

    Организаторите го задржуваат правото за измени на турата, предизвикани од објективни новонастанати фактори.

    Велосипедската патека може да ја погледнете на следниот линк:

    https://www.wikiloc.com/mountain-biking-trails/pehcevonatocak-24101955

    Пријавувањето е најкасно до 14 Мај на следните телефонски броеви:
    078/441-437 или 078/416-950.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...