5.1 C
Pehčevo

    Основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево со нов кабинет по Природни науки

    Датум:

    Во ООУ.„ Ванчо Китанов“ со средства од Министерството за образование и наука, целосно е опремен кабинетот по Природни науки.

    Директорката Добрила Јовевска, истакнува дека новите нагледни средства и инвентарот се специјално дизајниран за лабораторија и за полесно совладување на содржините по предметот Природни науки.

    Се работи за специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овој предмет, за изведување на експерименти и подготовка на проекти.

    Градоначалникот Александар Китански, вели, дека со целосно новиот кабинет по Природни науки во ООУ.„Ванчо Китанов“ кај учениците ќе се развива свесноста за важноста на животната средни и љубовта кон природните науки, а и ќе се едуцираат за воздухот, почвата, растенијата..

    Со средствата од МОН, целосно е опремен кабинетот по Природни науки во училиштето Ванчо Китанов, со што нашите ученици полесно и побрзо ќе ја развиваат свесноста за важноста на животната средина и љубовта кон природните науки. Грижата за животната средина треба да се учи во образованието, затоа што така најдобро се поттикнуваат цели генерации на одговорност кон животната средина и нејзината заштита, рече Китански.

    Опремата е донација од Министерство за образование и наука, а целта е  унапредување на образовниот процес во основното образование, посебно препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...