11.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе гради улици во с.Црник преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП

    Датум:

    Преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, којшто го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, на девет општини, меѓу кои и Општина Пехчево и се доделени финасиски средства за капитални проекти.
    Како резултат на претходно успешно спроведени подпроекти преку Проектот за подобрување на општинските услуги, Пехчево има добиено 1,6 милиони денари за изградба на локални улици во с. Црник.
    Градоначалникот Драган Тренчовски истакува дека со ова локалната самоуправа ја потврдува грижата за добрите инфраструктурни услови во градот и селата.
    – Реализирањето на проектот за изградба на улици во с.Црник ќе биде од огромно значење за самите жители кои одамна имаат потреба од подобра патна инфраструктура. Со овој проект ќе бидат уредени и реконструирани повеќе селските улици од централниот дел и периферијата на с.Црник кои навистина беа во исклучително лоша состојба и го отежнуваа сообраќајот и движењето на жителите. Со ова ја потврдуваме грижата за добрите инфраструктурни услови во градот и селата која континуирано ја покажува локалната самоуправа во општина Пехчево – вели градоначалникот Тренчовски.
    Инаку, на девет општини од земјава и се доделени 206,6 милиони денари или 3,4 милиони евра преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, која што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...