15.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе биде прва општина со сертификат по PЕFC стандарди за шумско стопанската единица ,,Малешевски Планини I”

    Датум:

    Денес во работна посета на градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, беа претставници од подружницата на П.Ш.С. ,,Равна Река”- Пехчево.

    Сертификација шуми1

    На работниот состанок раговараа на актуелни теми поврзани со шумарството, а главна тема на разговорот беше пилот проектот за сертификација на шумите по PЕFC стандард, кој за прв пат ќе се спроведе на територијата на Р.С.Македонија.

    Претставниците од П.Ш.С. ,,Равна Река”- Пехчево, Илија Сеничев и Дарко Лесански дипломирани шумски инжинери го запознаа градоначалникот Тренчовски со проектот за сертификација на шумите по PЕFC стандард и бенефитите кои би следеле од оваа сертификација која допрва треба да се реализира. Оваа сертификација ќе биде опфатена на територија на Ш.С.Е (шумско стопанската единица ) ,,Малешевски Планини I”, на површина од околу 5 000 ха.

    Тие информираат дека пo претходно направени анализи и следење на начинот на сертификација на шумите во опкружувањето и пошироко, ЈП „Национални шуми“ влегува во пилот-проект за примена на една од шемите за сертификација на шумите во Европа и светот PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification) систем за сертификација на шумите со кои стопанисуваат во Р.С.Македонија.

    Проектот ќе опфати повеќе активности, меѓу кои:

    • подготовка на внатрешни протоколи за управување во сертифицирано шумско подрачје,
    • набавка на заштитна опрема за теренските работници,
    • обука на стручниот кадар и теренските работници за примена на одржливи шумски практики,
    • адаптација на стопанисувањето на шумите според барањата на националниот стандард за ОСШ кој е донесен во согласност со меѓународниот стандард на PEFC.

    Инаку, PEFC е најголемата глобална сертификациска шема според која се сертифицирани преку 300 милиони хектари шума ширум светот. Строгите правила на PEFC, проверката на терен која ја изведува независен орган и националниот контекст кој е одразен во националниот стандард за одржливо стопансиување со шумите (ОСШ) даваат сигурност за одржување на еколошките, социјални и економски функции на шумите.

    Општина Пехчево ќе биде прва општина со сертификат по PЕFC стандарди за шумско стопанската единица ,,Малешевски Планини I”

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...