7.6 C
Pehčevo

    Одражана интерактивна настава со учениците од прво до четврто одделение во село Црник

    Датум:

    Деца посета с.Црник
    Во просториите на подрачното училиште „Ванчо Китанов“ во с. Црник во соработка со МБ„Кочо Рацин“ по повод месецот на книгата се одржа интерактивна настава со учениците од прво до четврто одделение.
    Деца посета с.Црник2
    Со учениците од прво и второ одделение библиотекарката Габриела Костадинова ја работеше
    приказната „Волкот и седумте јариња“. Целта беше да се види колку децата од с. Црник можат
    да ја восприемат содржината на книгата. Резултатите беа задоволителни. На поставените прашања дадоа точен одговор.
    Учениците од трето и четврто одделение имаа подготвено рецитал за книгата, но и стихотворби напишни од нив на тема „Книгата- мојот волшебен свет“.
    Деца посета с.Црник1
    На крајот за успешно реализираната активност од страна на г-ѓа Костадинова сите ученици беа наградени.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...