7.6 C
Pehčevo

    Одлука за спроведување на стратегиска оцена

    Датум:

    Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службенвесник на РепубликаМакедонија“ бр. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16и 99/18), Општина Виница  на ден 29.04.2024 година, донесе:

     

    Одлука за спроведување на стратегиска оцена

    1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 –локалнa депониja за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад, општина Пехчево, со својата местоположба припаѓа на територијата на КО Пехчево, Општина Пехчево,кој го донесува Општина Пехчево, потребно e да се спроведе стратегискаоцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
    2. Како органи засегнати од имплементација на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 –локалнa депониja за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад, општина Пехчево, Министерство за транспорт и врски,Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за култура-Управа за заштита на културното наследство, Министерство за здравство, Министерство за економија, Дирекција за заштита и спасување, А.Д. Водостопанство на Република Македонија“,ЕВН,МЕПСО, Македонски телекумуникации, Комунални претпријатија, здруженија на граѓани, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор и др.
    3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од Член 65 став 4 од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината на образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегискаоцена, донесувањето на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 –локалнa депониja за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад, општина Пехчево,има влијание врз животната средина од следните причини: Од анализите се заклучува дека санацијата и конечното затворање на депонијата за комунален отпад е неопходна и дека реализацијата на овој проект ќе има голем придонес во интегрираното управување со отпад, но и генерално подобрување на состојбата на разгледуваните медиуми и области на животната средина. При реализирање на проектот, неопходно е доследна примена на сите предвидени мерки за спречување или ублажување на негативните влијанија во целокупната проектна документација...
    4. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната http://mtc.gov.mk.
     

    Градоначалник на Општина

     

     

    Бр……………………

    ………………………. година

                 Aлександар Китански
    Пехчево

     

    Download (PDF, 715KB)

    Download (PDF, 7.83MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...