0.9 C
Pehčevo

    ОДЛУКА За избор на кандидат по оглас за вработување на возач на градоначалникот и општинската администрација

    Датум:

    Врз основа на член 25 став 1 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19) и член 50 став 7 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр. 06/16 и 05/19) Градоначалникот на општина Пехчево донесе

    ОДЛУКА
    За избор на кандидат по оглас за вработување
    на возач на градоначалникот и општинската администрација

     

    1. Градоначалникот на општина Пехчево по распишаниот оглас и звршената постапка за вработување на возач – 1 извршител донесе одлука да биде вработен следниот кандидат:
    – За работно место УПР0402А02001 возач на градоначалникот и општинската администрација во одделение за правни општи работи и јавни дејности, се избира кандидатот, Борис Караѓозов со место на живеење Пехчево.

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    На ден 16.10.2020 година во дневните весници Слободен печат, Коха и на интернет страницата на општина Пехчево е објавен јавен оглас за вработување на возач – 1 извршител во општина Пехчево.
    По објавениот оглас Градоначалникот донесе решение за формирање на комисијата за номинација на кандидати за возач на градоначалникот и општинската администрација. Комисијата за номинација на кандидати за возач на градоначалникот и општинската администрација донесе Предлог за вработување на возач 1 извршител.
    На ден 27.10.2020 година Градоначалникот донесе одлука за избор на возач 1 извршител.
    По спроведувањето на сите фази од постапката Градоначалникот на општина Пехчево одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

    Упатство за правно средство:Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до агенцијата во рок од 8 дена од денот на објавувањето на оваа одлука на WEB страната на општината.

    ОДЛУКА – За избор на кандидат по оглас за вработување

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...