0.3 C
Pehčevo

    Одбележување 120 години од земјотресот во Пехчево од 4.4.1904г.

    Датум:

    Одбележување 120 години од земјотресот во Пехчево од 4.4.1904г.

     

    На 4 април 1904година во 12 часот и 25 минути, пограничното подрачјето помеѓу Пехчево било погодено од разорнувачки земјотрес со магнитуда од 7.8 степени според Рихтеровата магнитудна скала и интензитет од Х степени според EMSC-98. Ова е најсилниот земјотрес кој се случил на копнениот дел на Балкански полуостров. Најголемиот дел од населените места околу епицентарот биле целосно разурнати, куќите биле непогодни за живеење, поради што жителите живееле во шатори и колиби. Огромни материјални штети имало и низ целата држава како и во соседството, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, каде земјотресот бил почувствуван.

    Бројот на загинати и повредени достигнал до околу 150 лица. Овој земјотрес се карактеризира со разни сеизмодеформации и тоа сеизмотектонски (воочливи раседи на површината на Земјата), сеизмогравитациони (одрони, клизишта и др.) и сеизмодинамички (појава на пукнатини на хоризонтални терени). Како позначајни може да ги издвоиме големите пукнатиникои ги предизвикал како во Пехчево, така и во сите останати места каде земјотресот бил почувствуван. Станува збор за широки и длабоки пукнатини, особено оние близу до епицентарот, чиј крај неможел да се види, луѓе се спуштале но не стасувале до дното, а одекнувањето од фрлен камен се слушало цела минута. Покрај пукнатините, истиот предизвикал и појава на ликвифакција (феномен при кој почвата под дејство на динамичкото влијание на земјотресот ги губи своите механички својства и добива особини на вискозна средина) и избивање на топла и ладна вода на повеќе места, некаде таа избивала од површината нагоре до 100м, некаде предизвикала поплави, а по одредено време истата изчезнала.

    На главниот земјотрес му претходеле три умерено силни до силни земјотреси со магнитуди од 5.1 до 7.3 степени, а во афтершоковата (последователна) активност, која траела речиси две години, биле забележани уште 5 земјотреси, 3 во 1904 година и 2 во 1905 година со магнитуди од 5.4 до 6.5 степени според Рихеровата скала.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...