14.8 C
Pehčevo

    Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во Пехчево

    Датум:

    Општинската установа-Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше чествување на книгата по повод  23Април-светскиот ден на книгата и авторското право.

    Општинската установа-Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше чествување на книгата по повод 23Април-светскиот ден на книгата и авторското право.

    Настанот се одржа во  општинската сала за состаноци во 15часот. Габриела Костадинова ги поздрави присутните гости и даде објаснување за значењето на овој ден.

    „Идејата за одбележување на овој ден потекнува многу одамна од Шпанија поточно од Каталонија каде на 23Април секоја година се подарува книга и цвет. Како повод зошто токму овој ден се прославува како меѓународен ден на книгата е земена смртта на познатите великани на светската книжевност Шекспир, Сервантес, Де ла Вега и др и со тоа им се оддава почит на нивните книги, а со самото тоа и на нив како автори“- рече Костадинова.

    Општинската установа-Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше чествување на книгата по повод 23Април-светскиот ден на книгата и авторското право.

    Секоја библиотека овој ден го прославува на свој начин. Библиотеката „Кочо Рацин“ го одбележа со доделување на награди, односно дипломи на читатели рекордери за 2015 годин, со читање на две песни на ученичките Марија Ѓорѓиевска и Марија Богдановска кои учествуваа на манифестацијата „Пролет,љубов, смеа“ што се одржа во Свети Николе и Марија Ѓорѓиевска ја освои третата награда, а Марија Богдановска доби благодарница за пофалена песна со менторот Габриела Костадинова. Потоа директорката на библиотеката Јасмина Цековска ги прочита пораките  за книгата кои секоја година ги упатуваат генералните директори на УНЕСКО.

    Општинската установа-Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше чествување на книгата по повод 23Април-светскиот ден на книгата и авторското право.

    На крајот Габриела Костадинова им ги додели дипломите и книгите на читателите рекордери, а директорката им подари по еден цвет, но не вистински, туку изработен од хартија која таа го направи со посвета за светскиот ден на книгата и авторското право. И сите останати гости беа почестени со книга и цвет.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...