7.6 C
Pehčevo

    Одбележан меѓународниот ден на жената 8 Март

    Датум:

    Просторот во салата при Домот на културата ,, Јане Сандански ‘‘ – Пехчево, вчера беше претесен за да ги собере сите гости присутни во салата, вклучувајќи се во одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

    ???????????????????????????????

    Вчера по повод празникот на жената-8 Март во кино салата при Дом на култура „Јане Сандански“ се одржа академија под мотото „Еден поинаков 8 Март“. За да се одржи оваа академија придонесоа Домот на култура„ Јане Сандански “, ОУМБ„ Кочо Рацин “ и ОЖП- Пехчево.

    Академијата беше составена од два дела- уметнички и забавен дел.

    ???????????????????????????????

     

    Уметничкиот дел се состоеше од литературно читање на роднокрајни автори во реализација на в.д. Директорката Габриела Костадинова. Пред да започне литературното читање пред присутните се обрати примариус, др. Нада Симовска-педијатар во пензија. Веднаш по неа уметничкиот дел го отвори г-ѓа Костадинова.

    ???????????????????????????????

    „Жената е чудно суштество, нели? Таа пее кога сака да плаче. Плаче кога е среќна, а се смеа кога е тажна. Ја поднесува тешкотијата, ја носи тагата, но знае и за среќата, љубовта и своето мислење. Жената знае дека еден бакнеж и една прегратка можат да го излечат скршеното срце“ – истакна в.д. Директорката Габриела Костадинова. Таа ги престави роднокрајните автори како што се: Драгица Лазаровска, Станка Василевска, Александар Капушевски, Јован Тасевски и Габриела Костадинова. Драгица се престави со две песни „На мајка ми“ и на „Лемана“. Во отсуство на Станка Василевска нејзината песна „Да бидеш мајка“ ја слушнавме од Лепа Василевска. Песната „Бесмртник“ од А. Капушевски ја слушнавме во интерпретација на Оливера Кратевска. Извадок од новелата „Две мајки“ од Ј. Тасевски ја слушнавме од Еличка Јовевска. И крајот го заврши Г. Костадинова со песната „Нејзиниот живот“.

    ???????????????????????????????

    Забавниот дел го отвори  гратскиот оркестар „Серенада“ кој се престави со 4 композиции. Под диригентската палка на проф. по музичко образование во пензија Никола Зафировски ја слушнавме песната „Биљана платно белеше„ а композицијата „Серенада“ја изведе наставникот по музичко Димитар Сасански. А останатите две композиции беа во изведба на проф по музичко Александар Парасков. Гостите беа изненадени од прекрасната изведба на мандолинскиот оркестар и прекрасниот амбиент во салата и не го криеја своето воодушевување следејќи ја нивната програма.

    ???????????????????????????????

    Веднаш по нив настапи хорот на распеани пензионери со 4 песни од нивниот репертоар.

    Крајот им припадна на играорната група при Домот на културата „Јане Сандански“- Пехчево. Со големи овации присутните ги следеа талентираните фолклористи.

    ???????????????????????????????

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...