14.8 C
Pehčevo

    Новите мерки на Владата на Р.Македонија ќе бидат презентирани пред граѓаните на Пехчево

    Датум:

    Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот од услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе се реализира активноста Отворени денови со Агенцијата за вработување. АФПЗРР

    Почитувани граѓани на општина Пехчево,

    Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенцијата за финансиска подршка на заемјоделието и руралниот развој, утре 26.12.2014г. (Петок), ќе се одржи трибина на која учество ќе земат Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, г-дин Владо Поповски и г-дин Владимир Христов, раководител на сектор во Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој.

    Директорот Поповски и раководителот Христов ќе се сретнат со граѓаните и ќе одговорат на различни прашања од присутните.

    Целта на трибината ќе биде да се презентираат новите мерки на Владата на Р.Македонија, која преку овие Агенции ги спроведува заради подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    Трибината ќе се одржи со почеток во 17 часот во салата при ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево.

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и пратеникот во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Секуловска ги покануваат граѓаните на општината да присуствуваат на трибината и да се запознаат одблиску со новите мерки на овие две агенции.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...