10.9 C
Pehčevo

    Министерот без ресор Неждет Мустафа ја посети општина Пехчево

    Датум:

    Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска престојуваше во работна посета на општина Пехчево, каде оствари средба со градоначалникот Игор Поповски, на која главна тема беше реализацијата на проекти во областа на инфраструктурата.

    Министерот Мустафа, кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Пехчево, а заедно го посетија и село Црник, каде направија увид на градежните работи на тоа што се гради и на тоа што е изградено во ова село, притоа најавија дека кон крајот на идниот месец ќе биде уредена уште една улица во оваа село во должина од 300 метри.

    Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска престојуваше во работна посета на општина Пехчево, каде оствари средба со градоначалникот Игор Поповски, на која главна тема беше реализацијата на проекти во областа на инфраструктурата.
    Градоначалникот Поповски посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа село во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки, изградба на пречистителна станица, реконструкција на Задружниот дом, реконструкција на канализационата мрежа и додаде дека во идниот период жителите ќе добијат и ново спортско игралиште.
    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски потврди дека поддршката на ромската заедница е континуирана и се остварува плански.
    -Општина Пехчево има подеднаков концепт за сите граѓани затоа што ние не ги делиме според етничката припадност. Програмата за реализација во оваа село се спроведува без проблеми и е зголемена за 300 насто повеќе од претходно договореното. Интегрирањето на ромските деца се врши максимално, а соработката ќе продолжи и понатаму. Досега реализиравме многу проекти посветени на ромското население, а ќе има нови согласно општинскиот буџет и други фондови, истакна градоначалникот Поповски.

    Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска престојуваше во работна посета на општина Пехчево, каде оствари средба со градоначалникот Игор Поповски, на која главна тема беше реализацијата на проекти во областа на инфраструктурата.
    Министерот Неждет Мустафа потенцираше дека во општината, а посебно во село Црник многу ќе се подобрат условите на ромското население со реализација на многу инфраструктурни проекти во соработка со локалната самоуправа. Тој на оваа средба со жителите, истакна дека ромите имаат отворени врати од локалната самоуправа и градоначалникот и тоа им овозможува да се вработуваат, да ги користат буџетите за програмски активности и други продуктивни цели.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...