-4.4 C
Pehčevo

    ЛОКАЛНА КАМПАЊА ПОСВЕТЕНА НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА 16 ЈУНИ ВО ПЕХЧЕВО

    Датум:

    FINAL-_mapa1Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија ja  најавува кампањата посветена на климатските промени во четири општини каде се спроведува овој проект. Целта на оваа кампања чиј почеток е закажан утре на пладне во општина Кривогаштани е да ја подигне свеста кај граѓаните за постоењето и влијанието на климатските промени пред се – во нивните општини. Кампањата која ќе спроведе во општините Кривогаштани (11 Јуни), Теарце (13 Јуни), Богданци (15 Јуни) и Пехчево (16 Јуни) е замислена е да биде од едукативен карактер, односно еден вид  вовед во поимот „климатски промени“, „Што претставуваат  климатските промени?“, „Кои се нивните влијанија?“ ,  „ Кои се начините за нивно ублажување?“ ,  „Што можам јас како поединец  да сторам во мојата општина?“ итн. Поедноставно кажано: „Климатски промени  – за почетници”. Горенабројаните четири општини се првите општини кои во Македонија благодарение на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени изработија општински стратегии за адаптација и митигација со климатските промени. Пред граѓаните исто така ќе биде така ќе биде презентиран и Методот на Зелена Агенда кој е столб на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени. Методот на Зелена Агенда е партиципативен метод на креирање и имплементирање на локални развојни стратегии и планови, со активно вклучување на различни сектори во локалната заедница каде што се спроведува процесот. Во споредбa со други процеси кои имаат слична цел, Зелената Агенда се разликува во најмалку три аспекти: процесот започнува со идентификување на локални вредности наместо проблеми; учествотото во процесот не е ограничено, на експертско ниво или на одредени групи на чинители, туку е отворен за сите; процесот и резултатите потекнуваат сопственост на локалното население.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...