2.4 C
Pehčevo

    Ќе се одржи велосипедска трка во Пехчево

    Датум:

    Во согласност со акцискиот план за промоција и поддршка на велосипедизмот за зголемување на нивото на вклученост на учениците во системот на натпревари и спортски активности, општина Пехчево во соработка со ООУ ,,Ванчо Китанов,, - Пехчево и училишниот спортски клуб Ванчо Китанов на ден 14.10.2014 година (вторник) во периодот од 14:00 до 15:00 часот организира велосипедска трка.

    Во согласност со акцискиот план за промоција и поддршка на велосипедизмот за зголемување на нивото на вклученост на учениците во системот на натпревари и спортски активности, општина Пехчево во соработка со ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и училишниот спортски клуб Ванчо Китанов на ден 14.10.2014 година (вторник) во периодот од 14:00 до 15:00 часот организира велосипедска трка.
    Во трката ќе земат учество учениците од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и учениците во дисперзираните паралелки Пехчево при ОСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово од I (прва) до IV (четврта) година.
    Прва трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – машки;
    Втора трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – женски;
    Трета трка: учениците во дисперзираните паралелки Пехчево при ОСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово од I (прва) до IV (четврта) година – машки;
    Четврта трка: учениците во дисперзираните паралелки Пехчево при ОСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово од I (прва) до IV (четврта) година – женски;

    Велосипедската трка ќе биде на улица Борис Кидрич во Пехчево.
    За освоените прво, второ и трето место, општина Пехчево ќе додели парични награди.
    За учество на велосипедската трка заинтересираните ученици да се пријават кај професорите:
    Веселка Радинска
    Афродита Денковска
    Oние ученици кои не се пријавиле немаат право на учество во трката.
    Краен рок за пријавување: 13.10.2014 година (понеделник)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...