11.5 C
Pehčevo

    КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ГО ПОТПИПАА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

    Датум:

    Во присуство на Општинската изборна комисија Пехчево, на 25.09.2021 година во 12:00 часот во просториите на Општина Пехчево, кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, согласно член 8-в од Изборниот законик.

    Кандидатите за градоначалник на Општина Пехчево:

    • Александар Китански, кандидат од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата ,,ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА“,
    • Славчо Пандурски, кандидат од Коалицијата ,,НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ предводена од СДСМ и
    • НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ Александар Ѓорѓиевски – ГРУПА ИЗБИРАЧИ,

    се обврзаа дека со своите активности поврзани со изборите закажани за 17 октомври 2021 година ќе придонесат возацврстувањето на фундаменталните вредности на демократијата и ќе придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем.

    Воедно, кандидатите за градоначалник се обврзаа дека ќе придонесат претстојните избори да бидат фер и демократски и дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење кои придонесуваат за демократски развој на општеството.

    Потпишувајќи го Кодексот за фер и демократски избори кандидатите за градоначалници на Општина Пехчево, свечено се обврзаа и си ветија еден на друг, но и на сите граѓани, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на фер и демократски избори.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...