12 C
Pehčevo

    Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ПОДАДЕНИ РАЦЕ– Социјална заштита за ИНклузивна општина ПехчевоII” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија во Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

    За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување-Центар за вработување Берово, канцеларија во Пехчевосо цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

    На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

     

       долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

    млади лица до 29 години

    лица постари од 50 години

    лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

    лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

    лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

      жртви на семејно насилство

    лица со попреченост

    жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

    лица припадници на ромската етничка заедница

    самохрани родители

    родители на деца со пречки во развојот

    родители на 3 и повеќе деца

    родители на деца на улица

    осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

    бездомни лица

    поранешни корисници на дрога

    лица со незавршено средно или пониско образование

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    1. КООРДИНАТОР ЗА ДОНАЦИИ за времетраење од 6 (шест) месеци ВСС Ја организира работата за прибирање и распределба на донациите, Центар за донации Пехчево
    2. АСИСТЕНТ ЗА НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ за времетраење од 6 (шест) месеци ССС или Основно образобвание Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
    3. АСИСТЕНТ ЗА НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ за времетраење од 6 (шест) месеци ССС или Основно образобвание Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
    4. АСИСТЕНТ ЗА НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ за времетраење од 6 (шест) месеци ССС или Основно образобвание Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)

    Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија во Пехчевово периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување Берово  кај лицето Љупчо Димитровски,  Центар за социјална работа Берово, канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Лилјана Бојчовска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...