7.6 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Пехчево и доверителите на единките корисници основани од Општина Пехчево, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

    Датум:

    Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на Локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.209/2018 од 15.11.2018 година), Градоначалникот на општина Пехчево објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2018

                 Со овој повик се повикуваат сите доверители на Општина Пехчево и единките корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со 30.09.2018 година, да се пријават во Општина Пехчево со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

                Пријавата треба да содржи:

    • Целосен назив на правното лице и седиште;
    • Матичен број и даночен број на доверителот;
    • Телефон за контакт и е-маил адреса, односно
    • Фотокопија од лична карта, телефон за контакт и е-маил адреса за физички лица;
    • Сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на нејзината обврска.

    Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Пехчево или за единиците корисници, доверителите треба да достават:

    • Тековна состојба ( за правните лица), не постара од 6 месеци, во оригинал или во копија заверена на нотар;
    • Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања или
    • Правен основ врз основа на кој настанала обврската ( решение, пресуда, извршна исправа и сл.).

    Општината го задржува правото во текот на постапката за приговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

    За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со  секој доверител.

    За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

    По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ на доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

    Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на половината на главнината на побарувањето за 15%.

    Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 20 работни дена и започнува да тече од наредниот ден од денот на објавување на повикот.

                Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Пехчево и на веб страната на Општина Пехчево.

    Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на Општина Пехчево или по пошта со препорачана пратка, на адреса: ул. „Равен“ број 8, 2326 Пехчево, со назнака: „За Јавен Повик 01/2018 за пријава на Доверители“.

    Ненавремените пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

     Пријава на побарување согласно ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Пехчево и доверителите на единките корисници основани од Општина Пехчево, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

    ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Пехчево и доверителите на единките корисници основани од Општина Пехчево, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...