-4.9 C
Pehčevo

    Јавен оглас до крајни корисници за користење на услугите од проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево”

    Датум:

    труд социјала Грб на општина ПехчевоАгенција-за-вработување-250x68

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 06.08.2018 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    до

    крајни корисници за користење на услугите од проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево во рамки на  

    Програмата Општинско – корисна работа

     

    1. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:
    • стари, осамени и изнемоштени лица,
    • хронично болни лица,

    кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа, проект  “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево”  како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

    1. Работните активности кои се предвидени со проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево” предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени лица и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.

    Истите предвидуваат но не ограничуваат:

    • услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шекер во крвта и др.);
    • консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;
    • помош при движење и заеднички прошетки;
    • набавка на продукти за исхрана и др. потреби во домаќинството;
    • приготвување на топол оброк/напиток;
    • поддршка во одржувањето на хигиената во домот на крајниот корисник;
    • вршење на ситни работи во домаќинството (мие садови, внесува дрва за огрев и сл.);
    • плаќање на сметки;
    1. Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество во проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево”  можат да поднесат во Општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 17.08.2018 година.
    1. Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.
    1. Проектот ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево ќе се имплементира  во општина Пехчево со времетраење од 6 месеци.

    Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 лок. 14 и Моб: 075 467 503 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk, односно во МЦСР Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска

    За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Пехчево, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:

     

    www.pehcevo.gov.mk

    www.mtsp.gov.mk

    www.samovrabotuvanje.mk

    www.avrm.gov.mk

    Општинска Комисија за следење на проектот

    “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево”

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...