-4.9 C
Pehčevo

    ЈАВЕН КОНКУРС за избор на директор на ЈКП „Комуналец“ – Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Република Македонија” бр.5/02), а во врска со член 19-а и член 23 од Законот за јавните претпријатија (“Службен Весник на Република” бр.38/96………64/2018), Градоначалникот на Општина Пехчево распишува

    ЈАВЕН КОНКУРС

    за избор на директор на ЈКП „Комуналец“ – Пехчево

     

    Се распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Комуналец“ – Пехчево. Кандидатите  треба  да  ги  исполнуваат следните општи услови предвидени со Законот за работни односи (“Службен Весник на Република Македонија” бр.62/2005………134/16) и посебни услови предвидени со Законот за јавните претпријатија (“Службен Весник на Република Македонија” бр.38/96………64/2018) и тоа:

    • да е државјанин на Република Македонија;
    • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • да има минимум пет години работно искуство;
    • познавање на англиски јазик докажано преку поседување на меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
    • да има општа здравствена способност за работното место;
    • да е полнолетен;

    Покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите потребно е да достават кратка биографија и Програма за работа и развој на ЈКП „Комуналец“ – Пехчево.

    Работното време во ЈКП „Комуналец“ Пехчево е од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата, а паричниот износ на нето платата изнесува 34.350,00 денари.

    Потребната документација кандидатите треба да ја достават во оригинал или копија заверена на нотар.

    Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 ( пет ) работни дена, не сметајќи го денот на објавувањето во дневниот весник.

    Пристигнатите документи ги прегледаува тричлена комисија именувана од градоначалникот на општината во рок од 8 дена по истекот на рокот на конкурсот и целокупната документација ја доставува до градоначалникот на општината.

    Градоначалникот на општината во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата донесува одлука за избор на директор.

    Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

    Пријавите со потребната документација, кандидатите треба да ги достават до архива на Општина Пехчево или по пошта на адреса: „Општина Пехчево, ул. „Равен“ бр. 8, 2326 Пехчево, со назнака „за конкурс за избор на директор на ЈКП „Комуналец“ – Пехчево.

    Општина Пехчево

    Градоначалник

    Драган Тренчовски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...