Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 и 49 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република Македонија број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и Службен Весник на Република Северна Македонија број 275/2019, 14/2020, 215/21, 99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија број 11/2015), во согласност со Правилникот за систематизација на работни места во Општина Пехчево бр. 01 – 1396/1 од 28.11.2023 година и Правилникот за измена на правилникот за систематизација на работните места во општина Пехчево бр. 04-891/1,, Општина Пехчево објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/25
За унапредување на еден (1) административен службеник во Општина Пехчево за следното работно место:
(1) Раководител на одделение за финансиски прашања, во општина Пехчево шифра УПР0101Б04000 – 1 извршител,
Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работното место се:
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен: научно истражувачко подрачје општествени науки, научно истражувачко поле економија и бизнис,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- положен испит за административно управување
- работно искуство, и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Пехчево, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- Работни денови од понеделник – петок
- Работни часови неделно – 40
- Работно време од 07:30 часот до 15:30 часот
Паричен нето износ на плата: 47.470,оо,оо денари
По објавениот интерен оглас, заинтересираниот административен службеник поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата до организационата единица за управување со човечки ресурси. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во Архива на Општина Пехчево на улица „Равен“ бр.8, 2326 Пехчево. Пријавата и доказите содржани во пријавата, освен во хартиена форма, треба да бидат испратени и електронски на официјалната е-маил адреса на Општина Пехчево opstina_pehcevo@t.mk.
Рокот за пријавување изнесува пет (5) денови, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страната на Агенција за администрација и веб страната на Општина Пехчево.
Кандидатите за унапредување се пријавуваат на интерниот оглас со поднесување на пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кон пријавата, кандидатите можат да ги приложат и следните докази во скенирана форма:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.
По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Aгенцијата за администрација и Општина Пехчево.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Пријавените кандидати на интерниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување на административен службеник и тоа:
Фаза 1 – Aдминистративна селекција, и
Фаза 2 – Интервју.
НАПОМЕНА:
Лицата кои дале лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од натамошна постапка.
Општина Пехчево
Градоначалник
с.р. Александар Китански
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->