-0.2 C
Pehčevo

    Граѓаните на Пехчево уште еднаш ја покажаа својата хуманост

    Датум:

    Денес во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ - Пехчево беше организирана продажна изложба за помош на децата со посебни проблеми во рамки на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“

    Денес во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ – Пехчево беше организирана продажна изложба за помош на децата со посебни проблеми во рамки на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“.На изложбата можеа да се видат рачни изработки, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на децата, родителите и учителките по повод 8 Март денот на жената, а поставена беше и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да им дадат поддршка на лицата со посебни потреби.

    Денес во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ - Пехчево беше организирана продажна изложба за помош на децата со посебни проблеми во рамки на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“
    На продажната изложба за помош на децата со посебни потреби во рамки на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“ се приклучија и донираа и локалната самоуправа предводени од градоначалникот Поповски и сите членови на Советот на општината.
    Поповски уште еднаш им изрази почит на сите вклучени во овој хуманитарно-едукативниот проект, а посебно на децата и вработените во градинката за нивната идеја, креативност, за солидарноста и хуманоста кон оваа категорија на лица.
    – Со ваквите акции дечињата што ја посетуваат градинката од најмала возраст учат за солидарноста и хуманоста, за важноста на пријателството, за помагањето и почитувањето на другите, истакна градоначалникот Поповски.

    Денес во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ - Пехчево беше организирана продажна изложба за помош на децата со посебни проблеми во рамки на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“
    Целта на проектот е преку обезбедување на облека, обувки, играчки и друга детска опрема која ќе биде наменета за болните дечиња сместени во болниците, за децата од ранливите категории и децата без родители и родителска грижа, малите дечиња да стекнат чувство за хуманост и солидарност.
    Проектот „Од дете за дете“ е хуманитарен проект на Министерството за труд и социјална политика, додека учесници во проектот се МТСП, детските градинки и општинските центри за социјална работа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...