8.1 C
Pehčevo

    Градоначалникот Поповски на средба со граѓаните

    Датум:

    Вчера на градскиот пазар, градоначалникот на општина Пехчево оствари средба со граѓаните. Градоначалникот разговараше за потребите но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, размени мислења за актуелните општински состојби, а разговараше и со граѓаните кои дојдоа да му го честитаат мандатот.

    Средба со граѓаните

    Целта на средбата беше да се прецизираат актуелните проблеми и потреби со кои се соочуваат граѓаните во нивното секојдневие во врска со градскиот пазар.

    Затворен и покриен пазар, нови и поголеми тезги, да бидат распоредени продавачите на зеленчук и овошје, од оние што продаваат текстил и други работи, беа претежно потребите и проблемите од граѓаните.

    Проектите за изградба и реконструкција се од исклучително значење за развојот на нашата општина. Напорите да се развива, да се разубавува и да се градат објекти е од значење на поголем број граѓани. Моите заложби се од пазарот да направиме место што ќе придонесе за враќање на традиционалните вредности на Пехчево, каде покрај продажбата на препознатливите производи, земјоделците и купувачите ќе можат да се среќаваат, да си поприкажат.

    Ќе извршиме напори да добиеме средства да го покриеме пазарот, за да не мрзнат граѓаните на снег и дожд. Но најпрво ќе се фокусираме да обезбедиме средства да го уредиме градскиот пазар. Во прва фаза ќе ги реконструираме сите тезги, хигиената ќе биде на многу високо ниво, додека во втората фаза ќе биде просторот околу пазарот, каде горниот дел планираме да го направиме парк, а другиот дел паркинг, рече градоначалникот Игор Поповски.

    Оваа практика ќе продолжи и понатаму, затоа што директната соработка со граѓаните се покажа како најпродуктивен начин од прва рака да се осознаат сите потреби и проблеми.

    Средба со граѓаните

    Средба со граѓаните

    Средба со граѓаните

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Детски Парк во центарот на Пехчево

    Општина Пехчево како одговорна општина илезе во пресрет на...

    „За почисто и поубаво Пехчево“

    Општина Пехчево обезбеди финансиски средства за проектот „За почисто...

    ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа за „Реновирање на општински објекти во Општина Пехчево за подобрување на ЕЕ- Административна зграда на...

                               ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за...

    Започна со работа канцеларијата на МВР за вадење на лични документи во Пехчево

    Почитувани граѓани, Ве информираме дека обезбедивме уште една услуга поблиску...