24 C
Pehčevo

    Еко – манифестација за најмладите кои на несекојдневен начин и преку креативност ќе развиат позитивни еколошки навики

    Датум:

    еко манифестацијаЕдукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, Пехчево на 12 и 13 јули организира еко – манифестација за најмладите кои на несекојдневен начин и преку креативност ќе развиат позитивни еколошки навики. Отпочнувањето на манифестацијата е на 12 јули од 11.00 часот со краток воведен ден за целите на Едукативниот центар и презентација на тема 3Р (редуцирај, реупотреби, рециклирај). Учесниците ќе имаат можност да изработуваат саксии за цвеќиња од пластична амбалажа и стари автомобилски гуми.
    На 13 јули ќе се одржат две работилници, првата со почеток од 10.00 часот – изработка на табли со еколошки мотиви и украсување на стаклена амбалажа со декупаж техника, а втората со почеток од 14.00 часот – засадување на цвеќиња.
    Дојдете и бидете дел од еко – манифестацијата за да покажеме дека има некој кој се грижи за животната средина во која живееме.
    Пријавување на телефонскиот број 075/ 462-592 Верица

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...