20.4 C
Pehčevo

    Дневен ред за 8-ма седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 8-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 27.05.2026 год (среда). 8-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 6-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Усвојување на записникот од 7-та седница на советот на општина Пехчево;
    3. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    4. Предлог oдлука за формирање комисија за селекција за проверка на податоци по јавен повик за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    5. Предлог oдлука за редовно ажурирање на ,,Процена на загрозеност на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и опасности,,;
    6. Предлог oдлука за определување на висината на надоместокот за добивање лиценца за вршење угостителска дејност во кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор;
    7. Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2027 година;
    8. Предлог одлука за усвојување на Иницијатива за изготвување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) на Општина Пехчево;
    9. Предлог одлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2026 год. до 31.03.2026год;
    10. Предлог одлука за усвојување на општински енергетски план на општина Пехчево за 2027 година;
    11. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
    12. Предлог одлука за усвојување на измена на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2026 година;
    13. Предлог одлука за прифаќање на иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички план, со намена А4.7 – Традиционални куќи за потреби на туризмот;
    14. Предлог одлука за давање на времено користење недвижна ствар – просторија на ОЈУДГ ,,7 Септември,, во с.Црник;
    15. Барање од граѓани;
    16. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Mиле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...