8.7 C
Pehčevo

    Дневен ред на шеста седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 6-та седница на советот.

    6-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 30.03.2018 година (петок), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 5-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2017 година;

    3.      Информација од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за градежната машина ровокопач JCB 4CX;

    4.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2019 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2019 година;

    6.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2017 година;

    7.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017 година: финансов извештај за Донаторска сметка, Наменски дотации, Самофинансирачки активности;

    8.      Предлог одлука за основање на Регионална депонија;

    9.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2017 година;

    10.  Предлог одлука за усвојување на годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион 2015-2019 за 2017 година;

    11.  Предлог одлука за учество на општина Пехчево во ИПА ИНТЕРРЕГ програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, Повик за проектни предлози Бр. CCI 2014TC16I5CB006-20182, со проектот „Зачувување на животната средина од катастрофи и подобрување на местото на живеење“;

    12.  Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за првородено дете во годината, на територијата на општина Пехчево;

    13.  Барања од граѓани;

    14.  Советнички прашања;

    15.  Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...