-1.6 C
Pehčevo

    Денес ден без автомобили во Пехчево

    Датум:

    Општина Пехчево по четврти пат се вклучува во кампањата за одбележување на ,,Европска недела на мобилност,, и по тој повод Ве покануваме да се вклучите и Вие заедно да го одбележиме ,,22 Септември – Ден без автомобили,,.

    Овој Меѓународен ден без автомобили Општина Пехчево ќе го одбележи со организирање на крос натпревар. Крос натпреварот ќе се одржи на булеварот Равен во период од 14:30 до 15:30 часот.

    Во трката ќе земат учество учениците од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево:

    Прва трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – машки;

    Втора трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево – женски;

    Од страна на општина Пехчево, во соработка со Министерството за внатрешни работи на 22.09.2017 година на ,,Денот без автомобили,, во периодот од 14:30 до 15:30 часот ќе биде овозможено улицата Равен  да биде затворена за сообраќај.

    Целта на кампањата Европската недела на мобилност е да се развие дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на движење (мобилност), да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт со што ќе се намали употребата на автомобили и ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.

    Европската недела на мобилност е кампања која се одржува од 16-22 дептември, а промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...