Акцијата „Македонија без отпад“, што веќе трета година се организира на ниво на Македонија и е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, оваа сабота беше спроведена и во општина Пехчево.
Општина Пехчево во соработка со јавните претпријатија во општината ,, Комуналец “ и ,, Равен “, основното училиште ,, Ванчо Китанов “, како и поголем број на граѓани на општина Пехчево, активно се вклучија во промотивната кампања ”Македонија без отпад”, организирана од страна на НВО “Ајде Македонија”.
Акцијата започна во 9 часот, а се чистеше на две локации во општината за расчистување на отпад по тротоарските површини и во дворот на ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘. Во акцијата за расчистување на отпадот беа вклучени и возила за собирање и транспорт на отпадот.
Градоначалникот на општина Игор Поповски се вклучи во акцијата и на сите граѓани на општината им порачува дека секој треба да се грижи за хигиената во општината.
– Еколошката акција ја спроведуваме со цел да ја исчистиме градот и околината и во исто време да им покажеме на сите граѓани дека секој од нас треба да се грижи за хигиената во Општината. Ова е една голема акција за чистење на одпадот во урбаниот и руралниот дел. За жал сеуште има несовесни граѓани кои го фрлаат сметот на места кои не се за тоа“,изјави градоначалникот Поповски.
Проектот „Македонија без отпад“, е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и невладината асоцијација „Ајде Македонија“.
Општина Пехчево активно е вклучена во подигање на свеста кај граѓаните во општината и ја поддржува и поздравува оваа национална акција.