7 C
Pehčevo

    Oдобрување Проектна Програма

    Датум:

    БР.09-804/2
    од 01.07.2022 година
    Пехчево

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна
    Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за
    инфраструктура за изградба на нова и реконструкција на стара филтер станица за вода за пиење
    во Пехчево на к.п.1715/2, дел од к.п.1715/1, дел од к.п.4030 КО Пехчево, Општина Пехчево,
    согласно законот и по предлог за одобрување на Проектната програма од Комисијата за
    урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана
    бр.03-64/1 од 14.01.2022 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко
    планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:
    РЕШЕНИЕ
    Се одобрува Проектна Програма, поднесена со барање број 03-164 од 15.06.2022година, за
    изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за
    изградба на нова и реконструкција на стара филтер станица за вода за пиење во Пехчево на
    к.п.1715/2, дел од к.п.1715/1, дел од к.п.4030 КО Пехчево, Општина Пехчево,изработена од
    ПЛАНЕРИС дооел Куманово со Тех. бр. 10/22 од март 2022год.

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
    Барателот ДОМИНГ ЈТД Радовиш до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот
    на Општина Пехчево, поднесе барање за одобрување на Проектна Програма за изработка на
    Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за изградба на нова и
    реконструкција на стара филтер станица за вода за пиење во Пехчево на к.п.1715/2, дел од
    к.п.1715/1, дел од к.п.4030 КО Пехчево, Општина Пехчево.

    Со барањето ја приложи следната документација и докази:

    1. Предлог проектна програма
    2. Услови за планирање на просторот

    Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со
    барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е
    основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на
    РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и
    урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:
    Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на
    одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење
    на работите од областа на уредувањето на просторот.
    Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

    Градоначалник :

    Александар Китански

    Download (PDF, 14.21MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...